• Мартин Танасковски
Шпанскиот дефанзивец Жерар Пике замина во пензија, но, сепак, може пак да се врати на зелените терени и тоа во својот клуб.
„Релево“ јавува дека Пике, кој е доскорешен играч на Барселона, размислува да не ја заврши кариерата туку да заигра за ФК Андора, клуб кој е во негова сопственост.
Личност која поседува клуб има право да игра за истиот, меѓутоа тоа може да биде комплицирано да се спроведе затоа што Ла Лига и ФФП имаат строги правила на таа тема.
Андора во моментов е во вториот ранг на шпанскиот фудбал и моментално се наоѓа на десеттото место со 29 освоени бода.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.