• Мартин Танасковски
Екипата на ЖФК Љуботен е нов лидер во женскиот мак-фудбал. Тимот од Тетово на домашен терен забележа голема победа, го доби дербито со ЖФК Тиверија Брера од Струмица (2-1).
Иако имаа негатива од почетокот на мечот, домашните фудбалерки во вториот дел направија пресврт. Тиверија Брера поведе уште во 7. минута со голот на Теона Галабоска, но потоа во вториот дел на сцена стапи Мариса Никол Васкез.
Засилувањето од САД постигна два гола. Првиот го даде во 55., а вториот во 71. минута, за голема пресврт-победа во Тетово. Вториот гол беше вистинска бомба во мрежата на противникот која голманката немаше шанси да ја одбрани. Првите два гола на мечот, беа по грешки.
Ова беше прв пораз за струмичанки по 15 одиграни натпревари. ЖФК Љуботен е лидер со 40 бода, пред Тиверија Струмица со 38 бода, додека Саса Каменица има 34 бода.