Женскиот фудбал со милијарда евра ќе станува најпопуларен спорт во светот

Европската „куќа на фудбалот“ во официјално соопштение објави дека од 2024 до 2030 година ќе инвестира една милијарда евра во женскиот фудбал.

Со оваа стратегија, која ја нарекоа „незапирлива“, УЕФА сака да го продолжи развојот на фудбалот за понежниот пол, а крајната цел е фудбалот да стане најпопуларен спорт за женската популација на Стариот континент.

Со новата инвестиција, УЕФА ќе се обиде да воспостави одржлива иднина за следните генерации играчи, тренери, судии, волонтери и навивачи и да биде надградба на стратегијата од 2019 година која донела резултати.

Целта е фудбалот да ги мине сите спортови по бројот на играчи кои ги има како професионалци.