• Саше Љолес
Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години ја запиша втората победа на квалификацискиот турнир во групата Б5 за Европското првенство на УЕФА, совладувајќи ја селекцијата на Азербејџан со конечни 3-1.
Нашиот национален тим доминираше во текот на целиот натпревар. Калина Попоски го отвори резултатот во 19. минута по одлично изработена акција, а предноста ја зголеми Теона Галабовска во 27. минута од пенал. Галабовска беше стрелец и на третиот погодок, во 49. минута, со што ја заокружи одличната партија.
Гостинската селекција успеа да намали преку Јуругова во 35. минута, но немаше сила за целосен пресврт.
Македонија:
1. Ведрана Комненова, 4. Кристина Крстева, 5. Михаела Додевска, 6. Андреа Коловска, 7. Меланија Грозданова, 8. Ева Величкова, 9. Емили Митковска, 10. Теона Галабовска, 11. Калина Попески, 15. Канита Емини, 16. Мила Панева
Селектор: Кирил Изов.
Македонија со овој триумф прави значаен чекор напред во квалификациската кампања и го најавува решавачкиот меч против Словенија од последното коло.
