• Горан Упале
Португалскиот фудбалски стратег Рубин Аморим пристигна во Манчестер и веднаш се упати за Карингтон, каде ја имаше првата средба со управата на англискиот гигант Манчестер Јунајтед. На состанокот се зборуваше на повеќе теми, а една од нив беше и судбината на привремениот тренер на „ѓаволите“ и легенда на клубот Руд ван Нистелрој.
Некогашниот голгетер на Јунајтед, сепак, ќе го напушти Манчестер Јунајтед, и својата тренерска кариера ќе може да ја гради во нова средина. Ова потврди клубот на официјалната интернет страница.
„Манчестер Јунајтед потврдува дека Руд ван Нистелрој го напушта клубот. Руд ни се приклучи летово и го водеше тимот како привремен тренер во последните четири натпревари. Руд ќе остане легенда на Манчестер Јунајтед. Благодарни сме за неговиот придонес и начинот на кој пристапи до својата улога во своето време во клубот. Секогаш топло добредојде на „Олд Трафорд“.
Под водство на Нистелрој, Јунајтед запиша три победи и едно реми.