Желбата на Чурлинов не се исполни, Шалке 04 се откажа од неговиот трансфер

Чурлинов

Шалке 04 обезбеди промоција во Бундеслигата, а дел од екипата во изминатата сезона беше и нашиот Дарко Чурлинов.

Младиот офанзивец прикажа солидна игра на позајмицата во Гелзеркирхен. Меѓутоа, по крајот на сезона беше обврзан да се врати и повторно да му се приклучи на Штутгарт. Екипите разговарале за потенцијален трансфер. Желбата на македонскиот фудбалер беше да продолжи во Шалке, но клубот наводно не прифатил да ги плати трите милиони евра кои ги бара тимот од „Мерцедес-Бенц Арена“.

Преговорите пропаднаа по барањето од страна на Штутгарт нашиот интернационалец да игра уште една сезона на позајмица, а потоа целосно да биде откупен.