Желбата му се оствари – Федерер во друштво на Надал ќе го одигра „последниот танц“!

Како што е се очекуваше – Роџер Федерер во двојки со Рафаел Надал ќе го одигра последниот професионален меч во кариерата. Желбата на легендарниот тенисер и официјално е исполнета и швајцарскиот ас од тенискиот терен ќе се прости во друштво на својот најголем пријател и ривал во кариерата – Надал. 

На првиот ден од Лејвер Купот во вечерната програма Федерер/Надал ќе играат во двојки против Џек Сок и Френсис Тиафо. Тој судир на програмата е втор од вечерната програма, а претходно од 19:00 часот се среќаваат Енди Мареј и Алекс де Минуор.

Во дневната програма имаме уште два натпревари помеѓу тимот на Европа и тимот на Светот - од 13:00 часот се среќаваат Каспер Руд и Џек Сок, а потоа на терен ќе излезат Стефанос Циципас и Диего Шварцман.