Ждрепката за полуфиналињата во Лигата на нациите закажана во јануари

Лигата на нациите чека на нокаут-рундата, а ждрепката за полуфиналињата во Лигата А каде ќе се добие шампионот во ова натпреварувацње на УЕФА го доби својот датум.

Полуфиналињата ќе се играат во Холандија, во градовите Ротердам и Еншеде. Ждрепката е закажана на 25 јануари од 11:00 часот во швајцарски Нион и ќе се извлечат двата пара. Нема рестрикции, секој може да игра со секого.

Полуфиналињата во Лигата на нациите се закажани на 14 и 15 јуни, додека мечот за третото место и финалето е закажано на 18 јуни. На завршницата играат Италија, Хрватска, Холандија и Шпанија.