Ждрепката за полуфиналето без ограничувања, можно струмичко дерби во Купот

Утре во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, со почеток во 13:00 часот ќе се одржи ждрепката за полуфиналната фаза од националниот Куп.

Пласман во полуфиналето по вчерашните реванш четврфинални средби, обезбедија екипите на Академија Пандев, Беласица, Победа и Македонија Ѓорче Петров. Ждрепката е слободна и можни се сите комбинации, па и струмичко дерби во полуфиналето.

По три години Македонија ќе добие финалист кој не се вика Шкендија, која по три финалиња е елиминирана во двомеч, уште во четвртфиналето.

Сите екипи кои преостанаа во натпреварувањето преку Купот гледаат шанса и за излез во Европа.