• Иван Димовски
Европската фудбалска федерација (УЕФА) ја одржа ждрепката за плеј-оф рундата во Лигата на шампионите. Екипите рангирани од деветтата до дваесет и четвртата позиција ќе се судрат меѓусебе за да ги одредат уште осумте патници во осминафиналето.
Извлекувањето согласно новиот формат е полудиригирано, па сите учесници на плеј-офот имаа по два можни ривали согласно пласманот. Иако не беа можни мега-пресметки во оваа фаза, сепак во ждрепката се најдоа најголемиот клуб на светот Реал Мадрид, како и гигантите Интер, Јувентус, ПСЖ,
- Парови во плеј-оф рундата во Лигата на шампионите:
Монако - ПСЖ
Галатасарај - Јувентус
Бенфика - Реал Мадрид
Борусија Дортмунд - Аталанта
Карабах - Њукасл Јунајтед
Клуб Бриж - Атлетико Мадрид
Бодо/Глимт - Интер
Олимпијакос - Баер Леверкузен
Натпреварите од плеј-оф рундата ќе се играат на 17/18 и 24/25 февруари.
Клубовите веќе знаат и со кои потенцијални противници ќе се судрат во осминафиналето. Сепак, извлекувањето за оваа фаза ќе биде на 27 февруари, по комплетирањето на средбите во плеј-офот.





