• Иван Димовски
Фудбалската сезона на клупско ниво тукушто заврши, а дел од федерациите веќе ги планираат почетоците на новата. Така на „чизмата“ е познат костурот за најмасовното натпреварување, Копа Италија.
Осумте фаворити ќе почнат во осминафиналето. Двата финалисти од завршеното издание Интер и Фиорентина би можеле да се судрат веќе во четвртфиналето, а од фаворитите на таа страна од ждрепката се уште Аталанта и Милан. На спротивната, можно е „Дерби дела Капитале“ меѓу Лацио и Рома во фазата на осум најдобри, додека шампионот Наполи вкрстува со Јувентус.
- Целосната ждрепка за Копа Италија:
Вистинските возбудувања, односно осминафиналната фаза, започнува на стартот на следната година, а дотогаш ќе се води битка за места во дуелите против фаворитите.