Ждрепка ЛШ: Супер-дерби на Сити и Баерн, Челзи налета на европскиот првак

Фудбалска Европа со нетрпение го очекува најинтересниот дел од сезоната во Лигата на шампионите. По комплетирањето на осминафиналниот мозаик, останаа осум екипи и осум сништа дека во јуни во Истанбул ќе го кренат „долгоушкото“. Три италијански, две англиски, по една шпанска, германска и португалска екипа ќе се борат за места во полуфиналињата. 

Денес во седиштето на УЕФА во Нион се одржа ждрепката за четвртфиналната фаза на елитното натпреварување. На извлекувањето Интер одново налета на португалски ривал, Челзи оди на мегдан со европскиот првак, Манчестер Сити и Баерн Минхен ќе играат „финале пред финалето“, а има и една италијанска пресметка.

  • Четвртфинални двојки во Лигата на шампионите:

Реал Мадрид - Челзи
Бенфика - Интер
Манчестер Сити - Баерн Минхен
Милан - Наполи

Првите натпревари во фазата на осумте најдобри се играат на 11 и 12 април, додека реваншите се седум дена подоцна. Полуфиналните пресметки пак се на средината на мај, додека големото финале на турскиот „Ататурк стадиум“ е закажано за десетти јуни. 

Единствен македонски претставник во оваа фаза на натпреварувањето е Ељиф Елмас, кој со својот Наполи се надева на голем успех.