Ждрепка ЛШ: Барселона против ПСЖ, Атлетико на Челзи во осминафиналето

Лигата на шампионите под покритие на УЕФА дојде до најзабавниот сегмент и нокаут фазата, која засега е планирана во стандарден формат со домашни и гостински натпревари. Откако минатата сезона заврши со револуционерен „фајнал-ејт“ турнир во Португалија, оваа сезона финалето ќе се одигра во Истанбул на популарниот „Кемал Ататурк“ каде што требаше да се одржи минатогодишното. 

По завршувањето на групната фаза и комплетирањето на мозакикот за осминафиналето, УЕФА ја одранизира ждрепката во Нион, каде беа извлечени паровите за првата нокаут рунда. Очекувано, по исходот на групите има неколку интересни пресметки, а најголемо внимание привлече парот на Барселона и ПСЖ.

Осминафиналните парови во ЛШ:
Борусија Менхенгладбах – Манчестер Сити
Лацио – Баерн Минхен
Атлетико Мадрид – Челзи
РБ Лајпциг – Ливерпул
Порто – Јувентус
Барселона – ПСЖ
Севиља – Борусија Дортмунд
Аталанта – Реал Мадрид

Првите дуели од фазата на 16 најдобри екипи се закажани за 16 и 17, односно 23 и 24 февруари, додека возвратните дуели ќе се одиграат на 9 и 10 како и на 16 и 17 март.

Ждрепката за четвртфиналето, како и потенцијалните парови во полуфиналето е закажано за 19 март, два дена по комплетирањето на осминафиналните двомеч дуели.