Ждрепка ЛЕ: Два поранешни европски прваци и Брајтон во „групата на смртта“

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ја одржа ждрепката за второто по ранг натпреварување, Лигата на Европа. Во извлекувањето учествуваа дури три поранешни европски прваци, Ливерпул, Олимпик Марсеј и Ајакс, како и гиганти како Рома, Виљареал, Вест Хем... 

На свечената гала во салата „Грималдо Форум“ во Монте Карло, беа извлечени групите во ова натпреварување. Среќата посака два екс-европски шампиони да налетаат на хитот Брајтон во „групата на смртта“. 

  • Ждрепка за групите во Лигата на Европа:

Група А: Вест Хем, Олимпијакос, Фрајбург, ТСЦ Бачка Топола
Група Б: Ајакс, Олимпик Марсеј, Брајтон, АЕК
Група Ц: Ренџерс, Бетис, Спарта Прага, Арис Лимасол
Група Д: Аталанта, Спортинг, Штурм, Раков
Група Е: Ливерпул, ЛАСК, Унион Сен Жилоа, Тулуз
Група Ф: Виљареал, Рен, Макаби Хаифа, Панатинаикос
Група Г: Рома, Славија Прага, Шериф, Сервет
Група Х: Баер Леверкузен, Карабах, Молде, Хакен

Македонија ќе има два претставници во ова натпреварување. Мартин Мирчевски со својот ТСЦ Бачка Топола и Филип Трпчевски со шведски Хакен.

Лигата на Европа ќе тргне со натпреварите од првото коло на 21 септември. Големото финале е закажано за 22 мај на „Авива“ во Даблин.