• Иван Димовски

Конференциската лига на УЕФА е во својата втора сезона, а челниците на фудбалот во Европа ја сметаат за успешен проект. Минатата сезона Рома го освои првиот историски трофеј, па сега се бори ранг погоре и остави простор за конкуренцијата.
Во осминафиналето паднаа два големи „скалпа“, бидејќи беа елиминирани Лацио и Виљареал, кои котираа високо меѓу фаворитите. Така, во четвртфиналето останаа два белгијски и по еден тим од Италија, Англија, Франција, Холандија, Полска и Швајцарија.
- Четвртфинални парови во Конференциската лига на УЕФА:
Лех - Фиорентина
Гент - Вест Хем
АЗ Алкмар - Андерлехт
Базел - Ница
Покрај паровите во четвртфиналната фаза, одреден е и целосниот пат до финалето во ова натпреварување.
- Полуфинални вкрстувања во КЛ:
Лех/Фиорентина - Базел/Ница
Гент/Вест Хем - АЗ Алкмар/Андерлехт
Четвртфиналните натпревари се играат на 13 и 20 април, додека полуфиналните средби се планирани за средината на мај. Финалето кое се игра на „Фортуна Арена“ во Прага е закажано за седми јуни.