ЖДРЕПКА ЕП 2020: Португалија во „група на смртта“, Англија со Хрватска, Италија мина лесно!

Во Букурешт беше одржана ждрепката за Европското првенство следната година кое ќе се игра во 12 градови низ Европа. Натпреварувањето ќе биде отворено во Рим, со првата средба од групата А која ќе се одигра меѓу Италија и Турција

  • Групите за претстојното Европско Првенство

Група А: Италија, Турција, Швајцарија и Велс.
Група Б: Данска, Белгија, Русија и Финска.
Група Ц: Холандија, Украина, Австрија и победникот од пле-јоф Д. 
Група Д: Англија, Хрватска, Чешка и победникот од плеј-оф Ц. 
Група Е: Шпанија, Шведска, Полска и победникот од плеј-оф Б.
Група Ф: Португалија, Франција, Германија и победникот од плеј-оф А

>>> Македонија ја доби можната група: На ЕП 2020 со Холандија, Украина и Австрија!

>>> Ќе играме во најпеколната група ако Романија дојде до ЕП 2020!

Секоја група ќе има по два града кои ќе бидат домаќини. Дуелите од групата А ќе се играат во Рим и Баку, а Копенхаген и Санкт Петербург ќе бидат домаќини на групата Б. Групата Ц ќе се одржи во Амстердам и Букурешт, на Oстровот во Лондон и Глазгов ќе се одиграат мечевите од групата Д. Билбао и Даблин ќе бидат два домаќини на групата Е, додека последната група Ф ќе се игра во Минхен и Будимпешта. 

Нокаут натпреварите започнуваат со осминафинални дуели кои ќе се играат во Минхен, Санкт Петербург, Баку и Рим. Полуфиналните и натпреварот за титулата ќе се играат на „Вембли" во Лондон.