ВИДЕО: Жардел ја доближи Бенфика до 35. титула во Примеира

Фудбалерите на Бенфика на тренерот Руи Виторија направија голем исчекор кон одбрана на титулата во Примеира, откако во рамките на 32. коло вечерва на „Ла Луж“ го совладаа тимот на Виторија Гимареш со 1-0 (0-0). Така во очекување на утрешното дерби помеѓу Порто и Спортинг „орлите“ имаат високи +5 пред Спортинг.

Израмнет и полемичен беше мечот помеѓу Бенфикa и младиот и полетен тим на Серџо Консеисао. Тренерот на гостите незадоволен од арбитражата беше исклучен во првото полувреме, па дури и не сакаше да го напушти теренот.

Одлучувачкиот момент се случи во 47. минута, кога по слободниот удар на Нико Гаитан, највисоко скокна Жардел и ја „закова“ топката во мрежата на гостите од Гимареш. До крајот Бенфика имаше и многу среќа, бидејќи Виторија Гимареш пропушти неколку зрели шанси за гол, а и Жонас Гутиерез и Ренато Санчез имаа можности за 2-0. Андре Алмеида во судиското надополнување заработи втор жолт картон и исклучување. Ова е десетта последователна победа на Бенфика во Примеира и 18 на последните 19 натпревари, што го доближува најтрофејниот португалски тим до 35. титула. 

Вечерва се игра и натпреварот помеѓу Брага и Виторија Сетубал во рамките на 32. коло.