• Саше Љолес
Надежите на Брера Струмица го завршуваат настапот во младинската Лига на шампиони на УЕФА; откако загубија на реваншот кај екипата на Сараево со конечни 2-0 (0-0).
Струмичани не успеаја да ја повторат добрата игра од првиот натпревар и попладнево впишаа пораз од босанскиот тим, а стрелци на погодоците беа Игнатков и Хамзиќ во второто полувреме.
Младинскиот шампион на Македонија имаше огромна желба да ја оствари првата победа во елитното натпреварување и се надеваше на евентуален прогрес понатаму, но останува без триумф и го завршува настапот во првото квалификациско коло. Ова беше вкупно петто учество за првакот во нашата младинска конкуренција во квалификациите за елитниот ранг.
Нашиот најдобар младински тим имаше тешка задача во Сараево и настапи без стрелецот на двата гола од првиот меч, Мартин Ѓорѓиевски, а во составот го немаше и дефанзивецот Матео Кесиќ.