• Мартин Танасковски

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Шабан Зенку, има нов клуб и се врати да игра фудбал во родниот град во Германија.
22-годишниот офанзивен играч за врска се раздели со некогашниот првак на Македонија и кариерата ја продолжува во Хесен Касел, германски клуб кој игра во четвртиот ранг на Германија.
Зенку е роден во Хасел, а како дете играше за младинските погони на овој клуб. Струга беше прва екипа во странство за него, но следен чекор пак му е Германија.
Претходно покрај за младинскиот тим на Хесен Касел, Зенку играше и за младинците на Борусија Менхенгладбах.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.









