• Мартин Танасковски
Екипата на Зенит се врати во победнички колосек и на домашен терен ја надигра Крилја Советов (3-0) во рамки на руската Премиер лига.
Три гола даде домашниот фаворит во временски интервал од 25 минути. Уште во 5. минута Мостовој донесе предност по еден промашен пенал, а потоа во 12. минута следеше втор пенал за тимот од Санкт Петербург кој го реализира Кузјаев.
Се играше 31. минута кога на сцена повторно стапи Мостовој и со вториот гол на натпреварот ги постави оние 3-0 на паузата, што подоцна беше и конечен резултат. Заслужена победа на големиот фаворит на домашната сцена, за деби-триумф во Премиер лигата.