• Сашо Поповски
Екипата на Зенит ја освои третата последователна титула во рускиот Суперкуп, со денешната победа над Спартак Москва (4-0).
Сергеј Семак го водеше својот тим до убедлив триумф над ривалот од главниот град. Натпреварот беше отворен со погодок на Сергеев. По само пет минути Малколм ја потврди подобрата форма на фаворитот.
Второто полувреме беше само потврда за славјето на екипата од Санкт Петербург. Вендел зголеми на 3-0, а во надополнувањето точка на мечот стави Касиера.
Зенит се израмни со ЦСКА Москва и сега е на врвот на листата најуспешни тимови со седум титули во ова натпреварување.