ВИДЕО: Зенит на „мускули“ го сруши Арсенал Тула и изби на врвот на табелата

Иако не одигра како што од него што се очекува првакот на Русија, Зенит Санкт Петербург запиша победа во првиот натпревар од деветтото коло на Премиер лигата. Првакот пред своите гледачи го последниот половина час го скрши отпорот на Арсенал Тула и ја совлада со 3-1 (1-0).

 Артем Џуба го постигна единствениот гол во првото полувреме, а момците на Семак се изнапромашија во обидот да постигнат и втор погодок. Наместо убедлива победа, дојде израмнување со голот на Бермаков во 56. минута.

  • Извештај од натпреварот: 

Долго време Зенит се мачеше, но во 66. минута Аргентинецот Себастијан Друиси ја врати предноста на фаворитот (2-1). Во последните мигови гостите од московското предградие Тула се отворија, но наместо израмнувачки гол, ги снајде контра напад и сигурен пораз.

Олег Шатов со гол во 88. минута ја запиша втората победа по ред на шампионот, по единствениот пораз оваа есен пред три недели против УФА. Зенит е лидер со три бода повеќе од Краснодар и Ростов