ВИДЕО: Зенит и Урал единствени максимални по две кола во Премиер лигата

Првото соочување на Сочи и Зенит во елитата заврши со очекувана победа на првакот шампионот. Во дуелот со кој беше затворено второто коло на руската Премиер лига, Зенит како гостин го совлада новиот премиерлигаш од познатото руско летовалиште со 0-2 (0-1). 

Азмун од пенал во првото и Аздоев во второто полувреме ги постигнаа головите за екипата на Сергеј Семак. Покрај фаворитот, максимален учинок по две кола има и Урал, кој пред своите гледачи во Екатеринбург го надигра Ахмет Грозни со 3-0.

Со голот на Микелтадзе во судиското надополнување Рубин Казан ги освои сите три бода од гостувањето кај Динамо Москва (0-1). 

  • Сочи - Зенит 0-2: 

  • Урал Екатеринбург - Ахмет Грозни 3-0:

Третото коло следниот викенд го носи големото московско дерби меѓу ЦСКА и Локомотив.