Зенит фаворит против ЦСКА и покрај полошиот старт на Премиер лигата

Четири пати по ред круната во рускиот фудбал заврши во Санкт Петербург, а Зенит и оваа сеозна е главен фаворит за титулата иако шампионатот не го отвори идеално. Во дефанзивата тимот нема проблем, прими само гол на премиерата од Химки – првото од двете ремија во првите четири кола – но, нападот затаи на две гостувања.

Сите квоти во Mozzart за натпреварот меѓу Зенит и ЦСКА Москва

Зенит ѝ гледа во грбот на московска ЦСКА, која е лидер во руската Премиер лига. Но, сите работи може да се променат по дербито во Санкт Петербург. Клубот од Москва е на „плус два“ и последните години во дуелите со Зенит минуваше како бос низ трње, најчесто поради погрешната селекција на тренерите.

Со Владимир Федотов, во Москва работите дојдоа на своето место, доби рускиот тренер неколку засилувања – дојдоа Хорхе Караскал, Виктор Мендез, Милан Гајиќ, Саша Здјелар... Се направи компактна екипа, а мислите на „армејците“ по исфрлањето во Европа се само како да се вратат на националниот трон и да ја донесат титулата во Москва.

Квоти за останатите натпревари во руската Премиер лига

По многу години и тиранија на тимот од Санкт Петербург, ова дерби навистина би можело да биде дерби, а не игра на мачка и глушец. Неполни четири години ЦСКА не знае за триумф против Зенит, а во Санкт Петербург нема победа повеќе од една деценија.