Зендели: Ќе биде возбудливо Шкупи по 14 години пак да игра во Европа

Фудбалската сезона во нашата земја е пред самиот крај. Денес се игра последното 36. коло на ПМФЛ, а истото ќе биде доста возбудливо, бидејќи ќе ги даде патниците во квалификациите за Лига Европа, како и екипите кои ќе испаднат во Втора лига. 

Во позиција да брка Европа е тимот на Шкупи, кој првична цел има утре да го победи Вардар на свој терен, а потоа да се надева на кикс на Работнички или пак Пелистер да не го одбрани Куп-трофејот. Во пресрет на мечот со ланскиот шампион, Суат Зендели истакна дека ќе биде возбудливо Шкупи по 14 години повторно да игра во европските натпреварувања. 

„Во клучните моменти од сезоната покажавме дека сме квалитетна екипа. Седум натпревари сме без пораз, а оваа серија посакуваме да продолжи и денес и Вардар да падне на „Чаир“. Навистина ќе биде возбудливо доколку Шкупи по 14 години ќе им се врати на европските натпреварувања“, вели капитенот на чаирчани. 

Мечот меѓу Шкупи и Вардар ќе се одигра на „Чаир“ со почеток од 16.15 часот. 

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ШкендијаШкендија 18 12 4 2 42:14 28 40
2 ВардарВардар 18 10 5 3 22:10 12 35
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 18 9 3 6 20:14 6 30
4 РаботничкиРаботнички 18 8 2 8 26:28 -2 26
5 ШкупиШкупи 1 18 6 5 7 16:19 -3 23
6 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 1 18 5 6 7 22:26 -4 21
7 РеноваРенова 2 18 5 6 7 19:24 -5 21
8 СилексСилекс 2 18 4 6 8 12:23 -11 18
9 ПобедаПобеда 1 18 5 2 11 14:24 -10 17
10 БеласицаБеласица 1 18 4 5 9 15:26 -11 17