ВИДЕО: „Земјотрес“ на трибините, еве како се прослави победата на Ривер над Бока!

Едно од најголемите фудбалски дерби натпревари на планетата, аргентинското „Суперкласико“ и овојпат не разочара.

Борба, физички пресметки, седум црвени картони и гол за победа од пенал во 93. минута. Ривер Плата и Бока Јуниорс повторно се главна тема на фудбалските фанови ширум светот. На крајот, 85.000 навивачи на „Монументал“ ја прославија големата победа на Ривер.

Еве како изгледаше на трибините кога Мигел Борха го реализираше решавачкиот пенал во судиското надополнување.

River Plate [1]- 0 Boca Juniors - Last Minute winner from the crowd
by u/markdmo in soccer

По петнаесет кола, лидерот Ривер има дури 19 бода повеќе од само Бока, која е на 13. место.