„Зелено светло“ во Полска: Финалето во ЛЕ ќе се игра пред 9.000 гледачи

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) објави дека публиката се враќа во Лигата на Европа и на финалниот меч кој се игра во Гдањск ќе бидат дозволени гледачи.

По координација со локалните власти, одобрено е капацитетот на стадионот кој собира 40.000 гледачи во финалето на ЛЕ да има 25% од капацитетот, тоа е 9.000 гледачи. 

Околу билетите, двата финалисти ќе добијат по 2.000 влезници, локалното население ќе добие уште 2.000 влезници, додека околу 3.000 останати влезници ќе бидат поделени на партнерите на УЕФА, сопствениците на ТВ-права и фудбалските федерации.

Големото финале во Лига Европа е закажано на 26 мај.