„Зелено-бела“ доминација, надежите на Пелистер без примен гол го освоија „Вихрен куп“!

Една од најталентираните генерации на фудбалскиот клуб Пелистер оствари нов голем успех на меѓународна сцена. На силниот турнир во Сандански, Бугарија, надежите на Пелистер родени 2013 година на доминантен начин го освоија првото место.

Во денешното финале од „Вихрен куп“ „зелено-белите“ одново покажаа надмоќ и против домаќинот на турнирот Вихрен Сандански извојуваа убедлива победа од 3-0 и за Битола се враќаат со уште еден шампионски трофеј. 

Генерацијата предводена од тренерот Фатон Таири на овој Куп одиграа шест натпревар и забележаа исто толку победа. Но, вреди да се напомене дека на сите шест натпревари ја сочуваа мрежата и постигнаа седумнаесет голови.