„Зелените“ се екипираа: Како Пелистер ќе изгледа во ПМФЛ?

Пелистер го комплетира тимот за настапот во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), па тренерот Зоран Штерјовски веќе го има тимот на хартија како ќе изгледа во настапот во елитата.

До стартот на ПМФЛ има една седмица, а Пелистер ги има играчите на едно место. Се работи за комбиниран состав од искусни играчи, потпомогнат со неколку млади имиња од Битола кои се очекува да бидат од голема помош во новата сезона.

  • СОСТАВОТ НА ПЕЛИСТЕР ВО ПМФЛ:

ГОЛМАНИ: Давор Талески, Бојан Илиевски, Филип Трајчевски, Андреј Јовчевски

ОДБРАНА: Усни Исмаили, Стефан Каковски, Борха, Христијан Драгарски, Дарко Илиески, Бојан Стефановски, Михаил Милевски, Филип Стојановски, Бојан Илијевски

СРЕДЕН РЕД: Филип Бошковски, Благоја Спиркоски, Ѓорѓи Танушев, Кристијан Николовски, Мартин Андоновски, Амир Фејзуловски, Валентин Кочоски, Александар Поповски

НАПАД: Борче Маневски, Љавдрим Фазлиу, Иван Пејаковиќ, Анес Хот, Алдаир Нето, Михаил Талевски, Христијан Торнески

Дел од стручниот штаб покрај тренерот Зоран Штерјовски ќе бидат уште Димитар Капинковски, Горан Ганчев, Даниел Стојановски и Горан Пашовски.

Пелистер влезе во ПМФЛ како најдобра екипа во Втората лига - Запад, а цел е да се опстане во најквалитетниот шампионат и догодина. На кам-бекот во ПМФЛ, Пелистер ќе игра на домашен терен против Академија Пандев.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.