„Зелената машина“ е далеку од Европа: Шкендија има добар зицер

Тетовска Шкендија зад себе остави историска сезона во Европа со пласман во групната фаза на Конференциската лига на УЕФА, но разочарувачка на домашната сцена без трофеј и вицешампионски статус. Со добриот коефициент кој си го изгради низ настапите во Европа низ годините, а и лани во Конференциската лига на УЕФА, си изгради статус на носител во евро-куповите и затоа имаше поволна ждрепка.

Во првото квалификациско коло за Конференциската лига, Шкендија има зицер кој не смее да го промаши. Тоа е Европа од Гибралтар, клуб кој го носи прекарот „зелена машина“, вреден само 1.000.000 евра и далеку од сериозен конкурент на теренот, барем на хартија. Се работи за клуб кој беше трети во Гибралтар, а кога ќе се погледнат резултатите, далеку е Европа за Европа. Тимот само еднаш има пројдено прво коло во УЕФА натпреварувањата, тоа беше во 2017 кога го елиминира ерменски Пјуник.

Сите квоти во MOZZART за натпреварот Европа - Шкендија

Досега, Европа има десет сезони во евро-куповите, а билансот е три победи, три ремија и осумнаесет порази. Во последната евро-сезона во која клубот играше, тоа беше во 2023/24, испадна од Дуќанџини од Косово со два порази (2-3 и 1-2). Во ростерот Европа нема познати имиња. Се работи за мешавина на играчи, од повеќе европски, азиски и африкански земји. Најбројни се Шпанците, очекувано, со оглед на близината на малата земја со Шпанија.

Шкендија имаше активно лето и доста се засили. Донесе тројца квалитетни играчи, тоа се повремениот репрезентативец на Македонија, Бојан Димоски, играчот за врска од Бразил, Рафа, кој доаѓа од албанска Тирана, како и Алмир Криезиу кој игра како крило и во Македонија доаѓа со одлична статистика зад себе во минатата сезона – 13 гола, 12 асистенции. Исто така клубот ќе биде и предводен од нов тренер. Јетон Беќири по крајот на сезоната без трофеј се раздели со црвено-црните, а на неговото место пристигна клупската легенда Артим Положани, 44-годишен тренер кој последно го водеше Фљамуртари.

Кога ќе се сумираат сите статистики, факти и податоци, се освен победа на Шкендија ќе биде неуспех, па затоа типуваме на сигурен триумф на тетовчани. Внимавајте со головите, затоа што во Гибралтар фудбалот се игра на вештачка подлога.