• Мартин Танасковски
Македонскиот тренер Зекрија Рамадани испиша историја во косовскиот фудбал, откако стана шампион со тимот на Приштина.
43-годишникот кој е поранешен фудбалер на Вардар, Шкендија, Слога Југомагнат... стана шампион со Приштина и стана првиот тренер кој трипати успеал да освои шампионска титула во косовската Суперлига со различен клуб.
Претходно, на Рамадани му успеа да стане шампион со Фероникели (2019) и Трепча (2017). Рамадани ја почна кариерата како тренер во Шкупи во 2014 година, а покрај трите споменати косовски клубови го водеше и Фљамуртари од Албанија.
Поради шампионската титула во Косово, Рамадани и Приштина ги чека настап во претквалификациите за Лигата на шампионите.