ВИДЕО: Зеќири во финишот донесе „златни“ три бода за Тетекс!

Екипата на Тетекс со голем пресврт ја продолжи победничката серија во финишот од сезоната на Втората македонска фудбалка лига-Запад и во натпреварот со Генч Калемлер успеа да слави со два гола во самата завршница (2-1).

Гостите преку Елмир Алији во 32. минута го отворија резултатот, но тоа не беше доволно за победа над Тетекс, затоа што домаќинот во своите редови го имаше расположениот Велон Зеќири, кој во 80. и 85. минута двапати ја затресе противничката мрежа и донесе полн плен за својата екипа.

По поразот од Лабуништа, тимот на Скопје експресно им се врати на победите во домашниот шампионат, откако со 1-0 славеше на дербито на колото над шампионот Струга Трим Љум. По мирните први 45 минути, скопјани заиграа поквалитетно во продолжението и со голот на Џунејт Усеинов заслужено запишаа нови три бода на своето конто. 

Фудбалерите на Пелистер го забележаа најубедливиот триумф од попладневната програма на Втората лига-Запад. Битолскиот тим не успеа да се врати во прволигашкото друштво, но и покрај тоа одигра квалитетен натпревар пред својата публика против тимот на Гоблен. Пелистерци извојуваа победа од 4-0, а стрелци на головите беа Благојче Главевски (2), Александар Неданоски и Благоја Наумоски.  

На последниот мечеви, Гостивар и Кораб одиграа без победник - 1-1, додека Велазерими забележа голем триумф кај Лабуништа (1-2) и обезбеди сигурен опстанок во ВМФЛ.

Во последното коло ќе се води борба за избегнување на последното место кое води во Третата лига, а таму моментално е Тетекс. Еден бод повеќе има Кораб, па така, последните мечеви пред крајот на сезоната ќе го дадат последниот тим кој ќе отпадне.