Зејнулаи се сели во Албанија, потпиша тригодишен договор со Егнатија

Македонскиот прволигаш Работнички и дефинитивно во следната сезона ќе остане без услугите на Арбин Зејнулаи, откако играчот за врска се реши за нов интернационален предизвик.

23-годишниот фудбалер во иднина ќе ги брани боите на албанскиот прволигаш Егнатија, потврди клубот. Зејнулаи со тимот, кој минатата сезона во финишот обезбеди опстанок во албанската елита, потпиша договор на три години.

Младиот тетовчанец своите фудбалски почетоци ги имаше во редовите на Шкендија, од каде направи трансфер во Локомотива Загреб. Тој во македонскиот фудбал се врати во јануари оваа година, кога го засили Работнички.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.