• Мартин Танасковски

Екипата на Шкендија пристигна во Шкотска каде ја очекува првиот натпревар од третото квалификациско коло со Хибернијан. Претпазливи, но истовремено мотивирани да изненадат, играчите се спремаат за дуелот. Во име на клубот говореше Арбин Зејнулаи, кој го најави мечот на Островот.
„Пристигнавме во Шкотска, позитивно е дека патувавме со чартер. Добро е што еден клуб што е како Шкендија, ни овозможи да патуваме до дестинацијата со чартер. Во очекување сме на првиот тренинг, видовме дека временските услови не се како во Македонија, но спремни сме. Шкендија секогаш оди на позитивен резултат, ни следи првата средба со Хибернијан. Мора да сме претпазливи, но секогаш играме на позитивен резултат. Момците се спремни, сите сме спремни и дај Боже на крај да дојдеме до целта која сите ја сакаме. Сметам дека првиот меч нема да реши ништо, туку реваншот во Скопје. Но ние концентрирани сме само на првиот дуел во Шкотска, да ги оствариме нашите замисли“, изјави Зејнулаи.
Натпреварот помеѓу Хибернијан и Шкендија во Шкотска се игра во четврток со почеток од 21:00 часот.


