Здружение на граѓани ЕГАЛ се заканува со тужба за Евра поради неговиот јавен испад

атрис Евра

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра, се најде на удар на француските медиуми.

37-годишникот употреби зборови со хомосексуална конотација за време на славјето на победата на „црвените ѓаволи“ во дуелот со ПСЖ. Јавниот испад на поранешниот француски репрезентативец не му се допадна на едно геј заедницата која најави тужба до него.

>> ВИДЕО: Погба и Евра направија циркуз и „урлаа“ од радост во ВИП-ложата во Париз!

„Нема да дозволиме тие зборови на еден поранешен член на француската репрезентација да поминат без казна. Многу млади лице се огледуваат на него, па сметаме дека тоа однесување е недозволиво и не натера да подготвиме тужба за него“ , гласи пораката.

Казната би можела да биде парична, но и затворска, во висина од една година.