Здравковски со капитенска лента и асистенција во Куп-победата на АЕЛ

Македонскиот репрезентативец Давор Здравковски и неговиот АЕЛ Лимасол се пласираа во наредната фаза на Купот на Кипар, со убедлив двомеч против АЛКИ.

Првиот дуел заврши во корист на АЕЛ со убедливи 5-1, а се славеше и во реваншот на домашен терен, со 2-1 (0-1). Фаворитот дојде до триумф со пресврт, а во истиот учествуваше Здравковски.

Како капитен на екипата, тој асистираше за еден од погодоците во вториот дел, а беше еден од играчите со најдобри оценки кај кипарските медиуми.

Противникот на АЕЛ Лимасол во четвртфиналето ќе биде познат на ждрепка која ќе се одржи откако ќе бидат познати сите учесници меѓу најдобрите осум.