Здравковски промаши пенал за победа, Македонија со реми го заврши „Анталија Купот“

Младите репрезентативци на Македонија ремизираа против Естонија (1-1) на последниот меч во „Анталија Купот“.

По двата порази од Украина и Летонија, избраниците на Благоја Милевски беа блиску до победата, но Давор Здравковски промаши пенал за позитивен резултат во самата завршницата.

Нашите репрезентативци поведоа во првиот дел преку Ристовски, а пред самата пауза, Марко Лип израмни и го постави конечниот резултат.

Овие три меча беа дел од подготовките за квалификаците за Европското првенство 2021 кои започнуваат во септември. Нашата репрезентација се наоѓа во група со Шпанија, Израел, Црна Гора, Казахстан и Фарските Острови за место на У21 Европското првенство 2021 во Словенија и Унгарија.

Распоред на натпреварите на У21 Македонија во квалификациите за ЕП 2021:
10 септември 2019: Македонија - Фарски Острови
10 октомври 2019: Црна Гора - Македонија
15 октомври 2019: Казахстан - Македонија
14 ноември 2019: Шпанија - Македонија
19 ноември 2019: Фарски Острови - Македонија
26 март 2020: Македонија - Израел
31 март 2020: Израел - Македонија
8 септември 2020: Македонија - Шпанија
8 октомври 2020: Казакхстан - Македонија
13 октомври 2020: Македонија - Црна Гора