Здравковски останува во АЕЛ Лимасол до 2023 година

Младиот македонски репрезентативец, Давор Здравковски го продолжи договорот со АЕЛ Лимасол до 2023 година.

Здравковски ја добива довербата од тимот и има минутажа, па двете страни се договорија за продолжување на соработката. Така, македонската колонија на Кипар останува многубројна и во иднина. 

Здравковски минатата сезона за клубот од Лимасол настапи на 18 натпревари и запиша една асистенција. Македонскиот играч е во клубот од 2017 година.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.