Здравков: Струга е фаворит, но нашите квалитети не се за потценување

Оваа недела се играат првите натпревари во Купот на Македонија. Саса доби шанса да биде домаќин и ќе се надигрува со екипата на Струга Трим Љум.

Тренерот на тимот од Македонска Камница, Горан Здравков, ја препушти фаворитската улога кај прволигашот.

„Знаеме кој ни доаѓа, а тоа е една од најдобрите прволигашки екипи. Но, нашите квалитети не се за потценување. Се разбира дека Струга е фаворит на оваа средба. Но, нема така лесно да им биде на нашите противници, не планираме лесно да се предадеме. Тие нека мислат за својата игра. Ние размислуваме да направиме изненадување. Не се откажуваме од Купот, но ќе играме и во првенството, со желба да постигнеме што подобри резултати. Очекувам квалитетна игра и кој е подобар нека оди понатаму во Купот“, вели предводникот на Саса.

Сите Куп-натпревари оваа среда се играат од терминот во 15:00 часот.