Здравков наследник на Варадиновски на клупата на Детонит

Екипата на Детонит Плачковица го промовира наследникот на Иван Варадиновски, а тој ќе биде Горан Здравков

Човекот кој во 2022 година го водеше Детонит и беше еден од основоположниците на овој Детонит Плачковица, се враќа на клупата во Радовиш. Здравков освен во овој клуб работеше и за Брегалница и Саса

Тој е релативно млад 43-годишен стручњак ќе има задача да го продолжи патот на Варадиновски кој исто така направи добри работи во Радовиш. 

Минатата сезона Детонит играше во баражот за влез во првата лига, но загуби од Вардар.