Здравков: Голема победа за нас, честитки до играчите кои беа феноменални

Екипата на Саса запиша голем резултат и победи на гостувањето кај Осогово, иако голем дел од мечот го одигра со играч помалку. Гостите од Македонска Каменица рано поведоа, а потоа организирано го одбија секој обид на противникот.

Тренерот Горан Здравков беше и мораше да биде задоволен од изданието на неговите фудбалери.

„Многу важна победа за нас. Рано поведовме и одигравме одличен прв дел. Во продолжението моравме да ја менуваме формацијата поради црвениот картон. Игравме позатворено, а играчите беа феноменални. Голманот исто така одлично си ја заврши работата на оваа средба. Честитки до сите, оваа победа е за нашите верни навивачи“, рече предводникот на Саса.

И Осогово и Саса се во безбедна зона на средниот дел од табелата во Втората македонска лига - Исток.