Зделката на векот на Бекам дава резултат, расте цената на Интер Мајами

Ефектот на Лионел Меси ја зголеми вредноста на Интер Мајами на повеќе од милијарда долари. Пред доаѓањето на Меси во јуни минатата година, Интер Мајами имаше само 900.000 следбеници на Инстаграм, а денес има повеќе од шеснаесет милиони.

Најзаслужен за доаѓањето на Меси во МЛС е Дејвид Бекам, поранешен англиски фудбалер и сегашен сопственик на Интер Мајами. Бекам пристигна во МЛС како играч во 2007 година, потпишувајќи со Лос Анџелес Галакси и се согласи на 70% помала плата од онаа што ја имаше во Реал Мадрид.

Причината поради која се согласил на помала плата е клаузулата што ја преговарал во договорот. Според таа клаузула, тој би можел да купи нова МЛС франшиза за 25 милиони долари. Првиот услов беше тоа да биде тим формиран по проширувањето на лигата, а вториот тимот да не биде во околината на Њујорк.

Тој го купи Интер Мајами во 2014 година, но му требаше извесно време да го подигне и стартува. Клубот беше официјално претставен во 2018 година, а првиот натпревар го одигра две години подоцна. Денес е трет највреден клуб од МЛС лигата зад Лос Анџелес (1,15 милијарди) и Атланта Јунајтед (1,05 милијарди), а се верува дека ќе стане највреден до крајот на годината. Заедно со Меси, во Мајами пристигнаа и Луис Суарез, Серхио Бускетс, Жорди Алба...