Зделка на векот за ПСЖ, РБ Лајпциг урна клупски рекорд за Симонс

Холандскиот репрезентативец Чави Симонс официјално стана играч на германскиот РБ Лајпциг, клуб каде две сезони настапува како позајмен фудбалер од редовите на ПСЖ. 

Бундеслигашот одамна најави дека е силно заинтересиран за перманентен договор со офанзивецот, а сега конечно дојде и до договор со „светците“ од Париз, кои за неговите услуги ќе инкасираат 55 милиони евра. 

Оваа сума може да порасне во следните три години и парижаните на крајот би можеле да добијат дури 80 милиони, но тоа ќе зависи од учинокот на Симонс, постигнатите голови и асистенции, како и евентуалните освоени трофеи со Лајпциг. 

ПСЖ во 2019 година го доведе Симонес како голем талент од Барселона. Тогаш имаше 16 години и доби договор на три сезони, но потоа го отстапија на Лајпциг, каде досега одигра 43 натпревари и постигна тринаесет голови. 

Претходно беше и на позајамица во холандскиот ПСВ Ајндховен, каде постигна 19 гола и покажа дека поседува раскошен талент. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.