„Зборував со Пандев, не сака да помогне за дуелот со Македонија...“

Пандев

Италија ќе стои на патот на Македонија во баражот за пласман на Мундијалот во Катар 2022 година. Така посака ждрепката која што се одржа изминатиот петок.

Салваторе Сиригу очекува тежок натпревар за италијанската репрезентација. По дуелот со Удинезе, искусниот чувар на мрежата се пошегува со својот соиграч Горан Пандев. На новинарско прашање дали го запрашал македонскиот фудбалер да му помогне во пресрет на дуелот со Македонија, тој рече:

„Натпреварот со Македонија ќе биде голем предизвик за Италија. Зборував со Пандев и побарав да ми помогне, но тој не одговори ништо...“.

Победникот од овој натпревар во март наредната пролет ќе се надигрува со подобриот од дуелот Португалија - Турција.