„Зборнаја“ со домашна сила против Македонија

Руската фудбалска репрезентација до 21 година го објави списокот за натпреварот против Македонија У21, кој за тимот е од голема важност затоа што се уште постои шанса за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2019 година.

Популарната „зборнаја“ ќе има само еден странец од тимот и тоа настапува во ерменски Пјуник. Останатите фудбалери доаѓаат од домашните шампионати и важат за голем фудбалски потенцијал.

ГОЛМАНИ: Александр Максименко (Спартак Москва), Александр Мелихов (Том Томск), Игор Обухов (Тјумен).

ОДБРАНА: Лео Гогличидзе (Нижни Новогород), Александр Лихачев, Николај Расказов (Спартак Москва), Никита Калугин (Сочи), Михаил Лејсов (Локомотив Москва), Виталиј Стежко (Пјуник), Никита Чернов (ЦСКА Москва).

СРЕДЕН РЕД: Илзат Ахметов, Иван Облјаков (ЦСКА Москва), Зелимхан Бакаев (Арсенал Тула), Ајз Гулиев, Александр Зуев (Ростов), Илја Жигулев (Урал), Игор Коновалов (Рубин Казан), Олег Ланин (Крилја Советов), Владислав Пантелеев (Спартак Москва), Роман Тугарев (Локомотив Москва), Данил Фомин (Нижни Новгород).

НАПАД: Георгиј Мелкадзе (Спартак Москва), Федор Чалов (ЦСКА Москва).

Русија мора да победи против Македонија ако сака да остане во игра за ЕП, како најдобро второпласирана селекција. Прва во групата е Србија и има загарантиран пласман на европскиот собир. Мечот меѓу Русија У21 и Македонија У21 се игра в петок од 18:00 часот во Тула.

Последниот меѓусебен натпревар во квалификациите за ЕП кој се одигра во Скопје заврши со драматичен триумф на гостинот од 3-4 (1-2), со погодок кој го постигна Бакаев во 91. минута од мечот.

Најнови вести од
У21 ЕУРО Кв., Интернационални Млади