ВИДЕО: Заза со два гола ги избрка „вештерките“ на Пипо

Екипата на Торино беше на прагот на пораз, но со гол во судиското надополнување се спаси од пораз (2-2) во дуелот против Беневенто во рамки на 19. коло од италијанската Серија А.

  • Извештај од натпреварот:

„Вештерките“ на Пипо водеа со два гола, но и тоа не беше доволно за триумф над тимот кој е давеник оваа сезона во најквалитетната фудбалска лига на „чизмата“ и се бори за опстанок.

Херој на „биковите“ беше поранешниот италијански репрезентативец Симоне Заза. Искусниот играч кој се поврзува со заминување од Торино двапати ја стресе мрежата на противникот, во 51. и 93. минута. Претходно, Бенвенто имаше предност од 2-0 благодарение на головите на Виола од пенал во 31. минута и Лападуља во 49. минута.

За Торино ова беше осмо реми во Серија А сезонава, а тимот има најмногу нерешени исходи од сите. Со 14 бода, „биковите“ се наоѓаат на осумнаесеттото место. Беневенто, пак, е далеку од зоната за испаѓање и е седумнаесетти.