Заза и Бонацоли го однесоа Торино на Куп-дуел со Милан

Италијанскиот калчолигаш Торино си ја заврши работата, славеше над Ентела (2-0) и патува во осминафиналето од Купот на Италија.

Фаворитот на хартија даде два гола во две минути, па „биковите“ се тие кои патуваат во следната рунда.

Резултатот се отвори во 28. минута кога Симоне Заза доби топка од Муру и реализира, за две минути подоцна да погоди Бонацоли и да го запечати посакуваниот триумф.

Торино во рамки на осминафиналето на Купот на Италија ќе игра против Милан.