Заврши сезоната за Пакета, „поцрвенетиот“ Бразилец казнет со три натпревари

Иако преостануваат уште три кола до крајот на сезоната во Серија А, шампионатот на Италија заврши за Лукас Пеката. Бразилското засилување на Милан си дозволи таков луксуз и со рака го оттурна главниот судија Орсато на синоќешниот натпревар против Болоња. Искусниот интернационален судија веднаш му покажа црвен картон и го прати во соблекувалната.

Дисциплинската комисија на Серија А го казни Пакета со три натпревари неиграње, а со оглед на тоа што преостануваат уште три кола до крајот на шампионатот, ако не биде намалена казната по жалба, Пакета на терените ќе го видиме следната година.

  • Црвениот картон на Пакета: 

Милан едвај ја сочува победата над Болоња со 2-1 и остана во трка з четвртото место и влез во Лигата на шампионите во сезоната 2019/20.