• Зоран Мишевски
Неколку фудбалери на Барселона се повредени и минуваат период на рехабилитација. Играчот за врска на каталонскиот Гави се врати на тренинзите по долга пауза.
Во ноември 2023 година Гави доби повреда на коленото во натпревар на шпанската репрезентација и беше надвор од терените до крајот на сезоната. Минатата сезона Гави одигра петнаесет натпревари, постигна два гола и даде една асистенција.
Тренерот Ханс-Дитер Флик внимателно го следи развојот на ситуацијата и позитивно го оценува карактерот на Гави, сметајќи го за најважниот дел од неговиот проект. Надвор од стројот се Френки де Јонг, младиот Берналс, Кристенсен и Араухо.
Барселона во првите четири кола од шпанското фудбалско првенство освои 12 бода. Тимот на Ханс-Дитер Флик го зазема првото место во Примера.