• Сашо Поповски

МОЛ Фехервар на Бобан Николов и Висар Муслиу не успеа да го комплетира изненадувањето и со пресврт загуби од Стандард Лиеж (3-1). Унгарскиот прволигаш застана на последната пречка пред групната фаза во Лига Европа.
Екипата на македонските репрезентативци поведе со голот на Николич, но потоа се загуби во вториот дел. Белгискиот клуб успеа најпрво да ја анулира негативата, а потоа со два нови гола рутински да ја заврши работата на домашен терен.
Сараево не ги издржа нападите и минимално беше елиминиран од големиот Селтик (0-1). Крсте Велковски доби шанса за докажување во вториот дел. Шкотскиот гигант стигна до единствениот гол на мечот во 70. минута, кога Едуард се запиша во листата на Ковачевиќ.
Легија доживеа дебакл и на својот стадион доби лекција од Карабах (0-3). Тимот од Азербејџан сите три гола ги реализира во вториот дел и го шокира противникот, кој важеше за благ фаворит на оваа средба.
Големо изненадување приреди и Ријека која со еден погодок му пресуди на фаворизираниот Копенхаген (0-1). Анкерсен си постигна автогол, а потоа одбраната на хрватскиот прволигаш си ја заврши работата и го издржа притисокот до крајот на мечот.
Бугарски Лудогорец сигурно помина на гостувањето кај Динамо Брест од Белорусија (0-2).